Во рамките на Културната недела ќе настапат голем број уметници од Македонија, а ќе бидат реализирани концерти, изложби, фолклорни настапи, поетски и драмски изведби, ДЈ настапи, промоција на вино и пиво, преку кои ќе бидат претставени македонската култура, уметност и традиција
На програмата се застапени концерти на оркестарот Ајга и ансамблот Кон Темпора под диригентство на маестро Иван Еминовиќ, настап на фолклорното друштво „Еуро Арт Академија“, концерт со поезија на квартет „Мевлем“, ДЈ сет на DJ Pass-N-G-R и DJ Spiro, промоција на македонски вина и ракија од винариите Бовин и Тиквеш, промоција на македонско пиво, монодрама „Меѓникот“ во изведба на Доне Донев, изложба на фотографии од Преспа на Пали Колефски, настап на фолклорно друштво од Мала Преспа и музичка настап на Кристијан Ѓорѓи.
Културната недела се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија и Министерството за туризам, култура и спорт на Република Албанија.