РИК

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија ја утврди збирната изборна листа за предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври, на која се наоѓаат 18 партии и коалиции со вкупно 2.418 кандидати за пратеници.

Во согласност со законот, одлуката за збирната листа треба да биде објавена во „Службен весник“ најдоцна 15 дена пред денот на гласањето, односно најдоцна до денеска, 9 октомври.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, изјави дека редоследот на изборните листи на гласачкото ливче е утврден според редоследот по кој Комисијата ги има прогласено.

Најнови вести