Нема одлука од Кривичниот суд дали ќе му биде вратен пасошот на Артан Груби. По сила на закон, куќниот притвор истекува денес и ќе може да се брани од слобода. Груби е обвинет во случајот Лотарија. Според ОЈО била нанесена штета врз буџетот од 9, 7 милиони евра.
Неговата одбрана во меѓувреме доставила барање до судот за укинување и на дополнителните мерки на претпазливост, а како гаранција дека тој ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка понуден е недвижен имот вреден 335.707 евра.
На Артан Груби, покрај куќниот притвор, му е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница.