Над илјада случаии на вирусот Западен нил во Европа

Европа надмина илјада случаи на Западен Нил. Италија и Грција бројат стотици инфицирани, додека во Македонија веќе се регистрирани 56 заболени и седум починати лица од почетокот на сезоната.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Европскиот центар за превенција и контрола на болести нотира дека бројот на локално пренесени инфекции со Западен Нил во Европа надмина 1.000 случаи. Неделниот извештај заклучно со тртети септември евидентира 1.086 заразени лица во вкупно 15 европски држави, со пораст на инфекциите кон крајот на летото. Бранот истовремено силно ја погоди и Македонија, каде главниот град Скопје останува главно жариште.

Инфекцијата во европските земји се прошири забрзано во последните недели. На почетокот на август беа пријавени нешто повеќе од 240 случаи во седум земји, сега таа бројка е четири пати поголема. Погодени се вкупно 144 региони низ Европа. Италија е најпогодена со 516 регистрирани случаи и 62 области, Грција со 284 пријавени инфекции, додека во Шпанија се евидентирани 88 заболени. Европските здравствени власти предупредуваат дека бројките не ја покажуваат целосната слика на терен поради асимптоматските случаи.

Германскиот институт „Роберт Кох“ проценува дека околу 20 проценти од инфицираните развиваат симптоми слични на грип. Сериозна клиничка слика се јавува кај приближно еден од 100 пациенти, но компликациите и долгорочните последици се чести кај оние со тешка форма на болеста.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија седум лица досега починаа како последица на компликации од вирусот. Сите починати се мажи од Скопје на просечна возраст од 73 години, а кај повеќето од нив претходно биле дијагностицирани хронични придружни болести. Над 80 насто од заболените во Македонија се постари од 60 години. Речиси сите случаи во земјата се автохтони и пренесени преку домашните комарци.

Најнови вести