Цената на нафтата на светскиот пазар го достигна највисокото ниво во последните пет месеци.
Цената на суровата нафта од типот „Брент” во Лондон порасна за 2,8 проценти и надминува 118 долари за барел.
Развојот на настаните предизвика пад на берзите низ САД и Европа.
Растот на цените на нафтата следува по
извештајот на американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“, во кој се наведува дека Соединетите Држави и Израел подготвуваат планови за можни напади врз Иран по американските избори во ноември.