Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени при уривање на нелегален рудник во Колумбија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени по уривањето на нелегален рудник за злато во југозападниот дел на Колумбија, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во понеделникот во руралното подрачје Чамберо, во општината Санта Барбара де Искуанде, која се наоѓа во покраината Нарињо, пренесе Ројтерс.

Хорхе Товар Кастиљо, службеник задолжен за справување со вонредни ситуации во Нарињо, изјави дека по несреќата е пријавено исчезнување на уште 12 до 15 рудари.

Најнови вести