Најмалку пет лица загинаа, а уште шест се тешко повредени во израелски воздушен напад врз станбен кварт во западниот дел на Газа, објави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински персонал од болницата „Ал Шифа“ во Газа.
Според информациите, нападот ја погодил зградата „Ал Асала“ во населбата Ремал рано утринава, без претходно предупредување.
Ремал е едно од најгусто населените станбени подрачја во Газа, каде што живеат и илјадници раселени лица кои се засолнети во импровизирани кампови низ населбата.