„Розов пикник појадок“

Розов пикник појадок: Нашата борба не застанува тука, ракот не е крај туку нов почеток

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Градскиот парк во Скопје по трет пат е организиран „Розов пикник појадок”. Настанот е посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка.

Организаторите,,,Хема Онко” и ,,Медикус Хелп” апелираат на превенција, редовни прегледи и побрзо откривање на болеста.

Фото: reper.mk

Според статистичките податоци, ракот на дојка е најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај жените во Македонија. Само во 2024 година стапката на смртност достигнала 39,4 на 100 илјади жени, што е највисоко ниво во последните 15 години.

Фото: reper.mk

Како особено значаен проблем беше посочен и недостигот на скрининг програма за рак на дојка.

Фото: reper.mk

Организаторите упатија апел жените редовно да вршат самопрегледи и да реагираат доколку забележат промени. Пораката од настанот е дека превенцијата, едукацијата и достапните прегледи се клучни во борбата против ова заболување.

Најнови вести