Нетанјаху упати остри зборови од говорницата на Генералното Собрание на Обединетите Нации

Десетици дипломати ја напуштија салата за време на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој ги нарече „морални кукавици“.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пред Генералното собрание на Обединетите Нации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „се заколнал” оти ќе го спречи „убиственото, диктаторско раководство” на Иран да развива атомски бомби и нуклеарно оружје што би можело да се употреби против Израел.
Нетанјаху е оптимист за иднината на Иран и рече дека „Иранскиот народ ќе биде слободен“. Додаде, режимот на крајот ќе биде соборен од сопствените лаги, корупција и суровост.

Додека на улиците на Њујорк се организираа протести, Нетанјаху ги нападна критичарите на хуманитарната криза во Газа и остро ги критикуваше демонстрантите. Ги отфрли обвинувањата дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа и ги минимизираше извештаите за жртви на окупираниот Западен Брег.

Нетанјаху го опиша Доналд Трамп како најдобар партнер и потенцираше дека израелците водат војна „на седум фронта” – против Хамас, Хезболах, Хутите и Иран, како и против групи во Ирак, Сирија и Палестина.

Тој го нарече турскиот претседател Ердоган „тиранин” кој „им дава засолниште на терористите од Хамас”. Остри тонови упати и кон градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „антисемитски градоначалник“,

На сирискиот претседател Ахмад ал-Шара, кој ги повика израелските сили да се повлечат од Голанската Висорамнина во Сирија – израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача, дека еврејскиот народ е присутен на Голанската Висорамнина уште од времето на Мојсеј и нема да се повлече од таа територија.

Говорот на Брнјамин Нетанјаху пред Обединетите нации се одржа само неколку часа откако палестинскиот лидер Махмуд Абас изјави дека администрацијата на Трамп „незаконски“ и ги одбила визите на неговата делегација за присуство на состанокот на светските лидери. Ова е втора година по ред, Стејт департментот на САД им одби визи на Абас и на делегацијата на Палестинската управа, со образложение дека не ги исполниле своите обврски за постигнување мир со Израел.

Најнови вести