Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска се сретна со членови на Европскиот парламент во рамките на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија–ЕУ.
На средбата се разговараше за европската интеграција на земјата, реформите и обврските што претстојат на патот кон членство во ЕУ.
Николоски ги презентираше активностите на Владата за унапредување на реформите и зајакнување на институциите, а беше истакната и важноста од продолжување на дијалогот со европските институции.
Европската перспектива, како што беше посочено, останува стратешки приоритет на државата.