Нов удар за кинеските производи, ЕУ планира нова давачка од први ноември

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од први ноември земјите-членки на ЕУ ќе почнат да наплаќаат дополнителна административна такса за обработка на пратки од трети земји, конечен износ се уште не е утврден.

На удар ќр бидат одново производите од Кина кои добија на популарност изминатата година.Новата давачка е одделна од царината од три евра што веќе се применува за пратките со мала вредност.

Реформата е дел од обидот да се реконструира царинскиот систем на ЕУ. Блокот се обидува да се справи со експлозивниот раст на е-трговијата и големиот број евтини производи што пристигнуваат директно кај европските купувачи.

Според податоците на Европската комисија, во 2025 година во ЕУ пристигнале околу 5,9 милијарди пратки со мала вредност. Околу 90 проценти од нив потекнувале од Кина.

Најнови вести