Врската меѓу Канада и ЕУ има врска со Трамп

Премиерот на Канада, Марк Карни ќе ја претстави визијата на земјата за идните односи со Европската Унија во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Неодамна американскиот претседател Доналд Трамп објави мапа на Северна Америка на Truth Social, вклучувајќи ги Канада и Гренланд – територија што е дел од Данска, земја членка на ЕУ – сите прекриени со знамето на САД.

Неколку дена подоцна, Канада доби повик за „придружно членство” во Европската Унија. Доналд Трамп посочи дека тоа што Европската Унија и нуди на Канада да стане ,,придружна членка” може да биде „непријателски чин“ и се закани дека ќе одговори на предложениот потег со воведување повеќе царини за блокот.

„Ако го сторат тоа, мислам дека е непријателски чин, ќе воспоставам многу сериозни царини или ќе престанам да тргувам со Европа за многу работи. Значи, ако го сторат тоа, aко е со лоша намера, ќе им воведеме многу високи царини”, изјави американскиот претседател Трамп.

Брисел ги менува правилата за проширување на Европската Унија – Канада добива асоцијативен статус во ЕУ.

„Придружно членство” првично беше предложено од Германскиот канцелар Фридрих Мерц за Украина. Киев ја отфрли понудата, а предлогот дури и не доби широка поддршка од лидерите на ЕУ.

Европа е во прашалници.

Никој точно не знае што значи најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за можно „придружно членство”, ниту пак какви привилегии и отстапки носи таквиот чекор. Фон дер Лајен, изјави дека сака да работи „на отворање на вратата“ за Канада што би вклучувало поблиски врски во различни сектори, вклучувајќи го производството и енергетиката.

Трговските односи, камен на сопнување.

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа кон крајот на изминатиот месец. Канадскиот премиер Марк Карни му се спротивстави на американскиот претседател, наметнувајќи реципрочни тарифи за САД. ЕУ пак, едноставно ги прифати новите царини на Трамп без да возврати.

Поради трговскиот и политичкиот притисок од Вашингтон, Карни се залага да ја намали зависноста од САД и да најде нови сојузници со кои може да тргува. За потсетување, во говорот на Светскиот економски форум во Давос годинава, канадскиот премиер, Карни предупреди дека светот не минува низ постепена транзиција, туку низ „ненадеен прекин”, порачувајќи дека средните сили мора да се здружат за да бидат „на масата, не на менито“.

Најнови вести