Ново рочиште за случајот Државна лотарија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Кривичниот суд со изведување на материјалните докази продолжува рочиштето за случајот Државна лотарија.

Првообвинетиот Прпарим Бајрами на минатото судење рече дека не се чувствува виновен за делата кои му се ставаат на товар.

Адвокатот на обвинетиот побара да му се дозволат дополнителни рокови за да ја концепира одбраната. Јавниот обвинител возврати, роковите коишто се предведени за истрагата ги препишува законот за кривична постапка.

Судијката која го води случајот рече дека нема да дозволи пролонгирање на роковите.

За овој случај им се суди на осум лица, меѓу нив и екс вицепремиер Артан Груби. Според обвинението го оштетиле буџетот за 9,7 милиони евра.

Најнови вести