КРИВИЧЕН СУД

Ново рочиште за случајот на поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов: Ќе сведочат неговите родители

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Основниот Кривичен суд, ново рочиште против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов. Денеска треба да сведочат неговите родителите.
На претходното рочиште сведочеше Фехми Стафа, кој пред судот категорично негираше дека му дал пари на Ристов и тврдеше дека претходно признал вина за да добие поблага казна и да излезе од притвор.

Стафа, кој издржува затворска казна од 15 месеци за примање награда за противзаконито влијание, на рочиштето бил спроведен од затворот „Шутка“.

„Во ниту еден предмет не сум му дал пари на Ѓоко. Го признав делото затоа што ја одбрав најблагата казна. Не сакав и мене да ми се случи тоа што му се случи на Ѓоко Ристов“, изјави Стафа пред судот.

Тој тврдеше дека признанието го дал под притисок и страв, како и дека по апсењето поднел претставка до внатрешната контрола поради односот кон него. Стафа изнесе и тврдење дека обвинителката Искра Хаџи Василева му сугерирала да каже дека 20.000 евра биле наменети за Ристов. Станува збор за тврдење на сведокот изнесено во судница, кое обвинителството го оспорува.

Во однос на други 30.000 евра, Стафа изјави дека станувало збор за заем од сестрата на Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, а не за пари наменети за поткуп. Тој пред судот тврдеше дека за заемот постои и писмен доказ.

За снимките на кои се гледа како влегува во канцеларијата на Ристов, Стафа тврдеше дека средбите биле поврзани со правни консултации и дека со Ристов се гледал поретко отколку со други судии.

Одбраната на Ристов, пак, оцени дека сведочењето отвора нови прашања околу доказите и начинот на кој била водена постапката.

Најнови вести