Обвинителството ја враќа истрагата за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино

Повторно се отвора предметот против бизнисмените Капушевски и Јахоски за набавка на мазут.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино продолжува. Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД ЕСМ против одлуката со која претходно беше запрена постапката против 13 физички и едно правно лице.

Со одлуката, Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да ја продолжи постапката, при што на надлежниот обвинител во прв степен му се дадени и дополнителни насоки за постапување.

Од Вишото обвинителство велат дека при разгледувањето на предметот биле констатирани слабости во вештачењето.

Побарано е повторно да се утврдат сите дејствија на осомничените и да се испита дали некој од нив директно или со помагање овозможил голема имотна корист за еден од осомничените и неговото правно лице.

Одделно треба да се провери дали средствата што ЕСМ ги добил наменски од државниот буџет биле злоупотребени преку примена на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки.

Претходно, ОЈО ГОКК ја запре истрагата по околу една година постапување, со образложение дека не биле утврдени докази дека осомничените ги сториле кривичните дела.

Најнови вести