Македонската метропола денеска станува музички центар на Балканот. Во Скопје пристигнува еден од најголемитe и најпознати светски диџеи Дејвид Гета кој ќе настапи во арената „Тодор Проески“ со своето монолитно шоу!
Според проценките на организаторите настапот на француската музичка ѕвезда ќе го проследат над 50.000 луѓе, а на концертот ќе дојдат посетители од целиот регион.
Пред неговиот концерт, ќе настапуваат македонските артисти Никифор и Сепмре.
Во Германија, Дејвид Гета руши рекорди, на неговиот спектакл беа присутни над 75.000 луѓе.