Од Русија му рекле на Трамп дека ризикот од чума е „многу под контрола“

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Светската здравствена организација (СЗ0) побара информации од Русија во врска со можен нов смртен случај предизвикан од чума во сибирскиот град Иркутск. Исто така, биле побарани дополнителни информации од руските власти во врска со првиот случај смртта на 28-годишна научничка која работела во институтот за контрола на чума во Иркутск. Како официјална причина за смртта руските власти наведоа пневмонија со непознато потекло.

СЗО побарала детали, вклучително и информации за тоа кои тестови биле извршени врз починатата и врз околу 200 други лица, со какви материјали работела починатата, какви безбедносни мерки биле на сила и дали била вакцинирана а доколку да, против кои болести.

Русија ги отфрли информациите за втор сомнителен случај на белодробна чума во Сибир.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека организацијата нема целосна слика за ситуацијата и не може да спроведе целосна проценка на ризикот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека од Русија му рекле дека секој ризик по смртта на работничка во Сибир е „многу под контрола“. На прашањето дали неодамнешната смрт на работничката е знак дека чума може да се развие како биолошко оружје, Трамп рече дека не мисли дека тоа е така. Шефот на Белата Куќа претходно навести дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ова прашање.

На прашањето дали ситуацијата е слична на справувањето со Кина во врска со коронавирусот за време на неговиот прв мандат, Трамп посочи дека Русија останува релативно тивка по ова прашање, исто како што правеше Кина пред вирусот да се претвори во глобална пандемија.

„Кина не кажа многу, а Русија исто така не кажува многу, но тие велат дека го имаат многу под контрола“, рече Трамп.

Најнови вести