Опозицијата бара кривично да се гони Китановиќ, власта обвинува за хипокризија

Продолжуваат партиските превирања околу објавата на директорот Китановиќ за Ратко Младиќ.

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од ЛДП велат дека за величење, одобрување и минимизирање геноцид и воени злосторства, членот 407-а од Кривичниот законик јасно предвидува затворска казна до пет години. Според партијата, законската одредба е децидна и во Кривичниот законик едноставно не постои опција за „повлекување на ставот“ откако делото е веќе сторено.

„Ова е уште една шлаканица за народот и за правната држава што не е ниту невиден, ниту првпат за оваа власт, туку таа во континуитет и мизерно продолжува да го практикува. Со случајот Китановиќ добивме уште еден доказ за скандалозните двојни аршини. Преку системот ‘Сејф сити’, секој обичен граѓанин се удира директно по џеб за најмал прекршок и тука нема простување, ниту можност за ‘повлекување’. Кога обичниот човек ќе задоцни со плаќање сметка кон некоја државна установа, Владата не покажува никакво разбирање, туку веднаш му праќа извршители за блокирање на сметките. За граѓаните важи стриктно и немилосрдно почитување на законите, додека за владините функционери се резервирани изговори, беззаконие и простување. Срамота! Државната функција не смее и не може да биде штит од кривична одговорност. ЛДП бара итно разрешување на Китановиќ, а МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат по службена должност согласно членот 407-а од Кривичниот законик, бидејќи законите во оваа земја мора конечно да важат за сите подеднакво“, соопштија од ЛДП

СДСМ: МИЦКОСКИ ГО ШТИТИ КИТАНОВИЌ

Социјалдемократите ја обвинија власта дека од никога не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка. Наместо кривично да одговараат и давајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“. Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување, велат од СДСМ.

Од партијата на Филипче децидни дека луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бида вршители на каква било јавна функција во Владата. Го повикаа премиерот Мицкоски да одговори дали се согласува со овие ставови, во спротивно бараат да ги осуди и да ги разреши.

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА ХИПОКРИЗИЈА

Инсталациите на српските служби во Македонија, СДС и Венко Филипче продолжуваат со својата хипокризија. Иако нивен партиски член, дел од поранешните раководни структури во СДС, поранешен советник на Зоран Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски кој учествувал и раководењето на државни институции, беше жив фатен како соработник на српската служба БИА, СДС се однесува како да не е оттука, велат од владејачката партија

Наместо со својата хипокризија СДС уште да обвинува други за разноразни теории на заговор, редно да си погледнат во сопствените редови кои се први соработници на туѓи служби.

Или, пак, можеби и Венко Филипче е директна инсталација на српските служби, по примерот на советникот на неговиот ментор, Зоран Заев кој се уште раководи со партијата.

„Од друга страна, ваквото однесување и хипокризија на СДС е резултат на нивната разочараност што синоќа партискиот врв на чело со Филипче, Љупчо Николоски Путерот, нивниот градоначалник на Крива Паланка не можеа да се забавуваат на концертот на Лепа Брена, кој беше откажан поради временските услови. Да, тоа е таа Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ, за кој сега ја креваат најголемата хистерија во јавноста.“

Владејачката партија го повтори ставот на Владата во однос на покојниот поранешен генерал, Ратко Младиќ.

Владата го повика директорот да се повлече од функцијата доколку не се согласува со ставот дека Ратко Младиќ е осуден за геноцид и воени злосторства.

Најнови вести