„OТИДЕ ПРЕДАЛЕКУ“: И Елон Маск со критика до Зеленски

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот милијардер Илон Маск остро го критикуваше, Володимир Зеленски, поддржувајќи го ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека продолжувањето на украинските напади врз руските нафтени рафинерии ја влошува глобалната криза со горивата и негативно влијае врз американските земјоделци.

Маск на социјалната мрежа Икс реагираше на видеоснимката од изјавата на Трамп, објавена од Белата куќа.

„Зеленски отиде предалеку“, напиша Маск.

Трамп истовремено повика на промена на власта во Киев, обвинувајќи го Зеленски дека повеќепати ги отфрлил можностите за ставање крај на конфликтот и намерно ги игнорирал барањата на Вашингтон.

„Му рековме: „Прави што сакаш, но не го напаѓај дизел-горивото, бидејќи постои голем проблем, голем недостиг. И што прави тој? Оди и го напаѓа дизел-горивото“, изјави Трамп во саботата пред новинарите пред Белата куќа.

Најнови вести