Паднал од кревет или бил претепан од болничар?! Штипјанец со тешки повреди заврши на Клиника

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, вчера во 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Ј.(35) од Штип.

Таткото на повредениот пријавил дека на 16.09.2026 од Јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што се лекувал, бил известен дека неговиот син паднал од кревет и се повредил. Додека, пак, повредениот пријавил дека во установата бил физички нападнат од болничар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Најнови вести