Илјадници граѓани и активисти попладнево маршираа низ централните белградски улици во рамки на овогодишниот Прајд марш, организиран под слоганот „Има место за сите нас“. Поворката тргна од паркот Мањеж кон Народното собрание, следена од силно полициско обезбедување и опрема за разбивање демонстрации. Кума на Белградскиот прајд во 2026 година е новинарката Даница Вучениќ, која ја водеше овогодинашната парада, избрана поради нејзината долгогодишна професионална одбрана на граѓанските и демократските вредности.
Организаторите истакнаа дека маршот не е карневал, туку протестен ден. Основното незадоволство произлегува од отсуството на законски решенија што ги регулираат истополовите заедници и правниот статус на трансродовите лица, како и од фактот што насилството и дискриминацијата против заедницата ретко добиваат судска разврска. Јавниот собир отвори и дебати во српската јавност околу вистинската волја на власта да ги реши проблемите на маргинализираните групи.
Универзитетскиот професор и режисер Стеван Филиповиќ изјави дека масовното полициско обезбедување служи првенствено како театар за меѓународната заедница, додека вистински дијалог меѓу институциите и граѓаните воопшто не постои. Тој додаде дека институционалната затвореност не ги погодува само ЛГБТИ+ луѓето, туку мнозинството граѓани кои бараат владеење на правото.