Право на глас имаат 6.451.292 избирачи, а изборите се одржуваат на 8.392 избирачки места, од кои 29 се во установи за извршување кривични санкции, а 93 во странство, во 37 држави, каде што има 102.147 избирачи.
Гласачките ливчиња се испечатени во 29 јазични варијанти.
Според најновиот пресек, Републичката изборна комисија соопшти дека до 18 часот на гласање излегле 64,89 отсто од избирачите.
Цесид објави дека проценетата излезност до 19 часот, врз основа на примерок од 750 избирачки места, изнесува 67,6 отсто.
До 18 часот, излезноста на парламентарните избори во Тутин, Сјеница и Нови Пазар се движела од 34 до 50 отсто од граѓаните запишани во избирачките списоци, соопштиле за радиото Сто плус од изборните комисии.
Два часа пред затворањето на избирачките места, во Нови Пазар гласале 50,13 отсто од граѓаните со право на глас, во Сјеница е регистрирана излезност од 45,53 отсто, а во Тутин 34,12 отсто.
Претседателите на локалните изборни комисии навеле дека имало одредени неправилности од техничка природа, кои биле решавани „во од“ и не влијаат врз регуларноста на целокупниот изборен процес.
Денеска регистрирани голем број на неправилности. Пред просториите на Српската напредна партија (СНС) во Лазаревац вечерва дошло до жестока физичка пресметка, во која биле нападнати припадници на Министерството за внатрешни работи.
До отворениот судир и нападот врз службените лица дошло во 18:30 часот, а постои сомневање дека во инцидентот учествувала група граѓани кои, според сомневањата, ја поддржуваат „Студентската листа“.
Судирот пред партиските простории брзо ескалирал, а напаѓачите фрлале камења кон нив.
Истрагата е во тек.