Пет лица загинаа откако карго авион на „Амазон“ се урна на аеродромот во Мајами

Карго авион на „Амазон ер“ излетал од пистата при обид да слета на Меѓународниот аеродром во Мајами, при што загинале пет лица, а пет други се здобиле со тешки повреди.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Авионот „Боинг 767-300“, се урнал нешто пред 14 часот по локално време, откако полетал од Меѓународниот аеродром „Луис Муњоз Марин“ во Сан Хуан, Порторико. Авионот при несреќата удрил и во неколку возила на земја.

Од „Амазон“ соопштија дека „тесно соработуваат со локалните власти и надлежните институции за да се утврди што точно се случило“, пренесуваат американските медиуми.

Федералната управа за воздухопловство на САД наредила приземјување на сите летови, додека пожарникарските екипи се упатиле кон местото на несреќата, од каде се издигнувале чад и пламен. Несреќата се случи за време на викендот по повод Денот на трудот, кој е еден од најфреквентните периоди за патување во годината.

„Најмалку пет лица ги загубија животите, а пет други се повредени“, изјавил градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава, на прес-конференција во неделата вечерта.

Таа додаде дека спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата за само „неколку секунди“.

„Во моментов, нашиот фокус е на семејствата, на повредените и на тековната спасувачка операција“, додаде таа.

Тројца од петтемина повредени се во критична состојба, изјави шефот на противпожарната служба во Мајами, Раид Џадалах. Градоначалничката рече дека сите повредени биле пренесени во болница со „повреди чија природа сè уште не е позната“.

Неколку од повредените биле заробени во или под возила на земја и било потребно да бидат извлечени од страна на пожарникарските и спасувачките екипи, изјави Џадалах.

Надлежните велат дека е прерано да се утврди причината за несреќата и дека истрагата ќе ја спроведе Националниот одбор за безбедност во сообраќајот. Федералната агенција, која ги истражува сите авионски несреќи во САД, најави дека во понеделник ќе одржи прес-конференција.

Летот на „Амазон“, кој го извршувала чартер-компанијата „21 Ер“ со седиште во Северна Каролина, „ја прелетал дијагоналната писта на Меѓународниот аеродром во Мајами и останал неподвижен на северозападниот крај на аеродромот“, соопшти аеродромот.

Од противпожарната и спасувачката служба на округот Мајами-Дејд соопштија дека екипите „пристигнале и затекнале авион кој се запалил како последица на несреќата, со силен пламен и густ чад“.

Повеќе од 200 пожарникари интервенирале по авионската несреќа.

Најнови вести