Во руските напади во украинската Дњепропетровска област и во Кропивницки, во југоисточниот дел на Украина, загинаа пет лица, а најмалку шестмина се повредени, соопштија денеска украинските власти.
Началникот на Дњепропетровската окружна воена управа, Александар Ганжа, во објава на Телеграм соопшти дека во руските напади во оваа област, во југоисточна Украина, загинале две лица, дека е уништена една приватна куќа, а неколку други куќи биле зафатени од пожар, пренесува Укринформ.
„Русите во зори ги нападнаа Дњепарскиот и Павлоградскиот округ. Уништена е приватна куќа во населбата Новоолександривска. Две лица загинаа“, изјави Ганжа, додавајќи дека информациите за повредените сè уште се утврдуваат.