Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во партиското седиште, ВМРО-ДПМНЕ со нова прес-конференција на која ги обвинија Филипче и Заев дека иако Македонија не е на продажба, сепак го продале името. Бране Петрушевски изјави дека Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт.

Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии. Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира. Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума.

Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат, додава Петрушевски.

Најнови вести