ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ се соочува со сериозни внатрепартиски поделби и отворени пресметки во опозицијата. Од владејачката партија велат дека наместо консолидација, во СДСМ се продлабочуваат разликите и фракциите.
Од владејачката партија нагласуваат дека не сакаат да се мешаат во внатрешните процеси на СДСМ, но додаваат дека слабеењето на опозицијата не е добро за демократските процеси. Според нив, доколку СДСМ сака да се консолидира, потребно е да излезе од политиката на, како што велат, „исклучиво спротивставување“ на власта, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски.