Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски.
„Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не!
А зошто? Затоа што по сите криминали од периодот на владата на СДС, како и сите жртви од модуларната болница во Тетово и од короната кои му се багаж на Филипче не може да му се верува. А граѓаните паметат и кој ја распродаваше државата“, вели Петрушевски.
Од друга страна, граѓаните гледаат каква промена настанува во Македонија. Деновиве премиерот Мицкоски од САД најавува дополнително продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата центри, и енергетика.
Во продолжение целата прес-конференција