Пијана 56- годишна скопјанка предизвикала две сообраќајки: Кривични за лица кои возеле безобѕирно

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.Н.(29) и Х.И.(20), двајцата од Скопје, Н.Н.(20) од Кавадарци и Р.Т.(20) од Куманово.

Додека пак, 56-годишната Љ.Ф. од Скопје управувала возило под дејство на алкохол и предизвикала две сообраќајни незгоди.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.

Најнови вести