ПОЛИТИКА

Платформата „Разговори за иднината 12.05“ ги достави предлозите до СДСМ: Побарана оставка од лидерот Филипче

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Платформата „Разговори за иднината 12.05“ до архивата во седиштето на СДСМ ги достави предлозите за структурни реформи на партијата.

Предлозите беа доставени од Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски. Од иницијативата соопштија дека очекуваат раководството на партијата да ги разгледа и во разумен рок да преземе конкретни чекори.

Прв предлог е оставка на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството“, се наведува во соопштението.

Од Платформата 12:05 порачуваат дека со доставувањето на предлозите преминуваат кон конкретна акција за промени во СДСМ.

„На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план“, порачаа од Платформата.

Најнови вести