Енергенси

По деценија и пол, се разгледува можноста за рестартирање на рафинеријата „Окта”

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Кризата со снабдување со дизел гориво во светот би можела да ја врати во живот скопската Рафинерија, која е надвор од погон речиси деценија и пол. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е одржан состанок со најголемите трговци со нафтени деривати и горива, меѓу кои и со раководството на „Окта“, на кој било побарано да се преиспита можноста за рестартирање на рафинеријата.

„Дадовме задача да се преразгледа
можноста да се рестартира производниот процес на рафинеријата ОКТА, имајќи предвид дека продуктоводот сега е во функција, односно Рафинеријата е физички поврзана со солунското пристаниште. Така што, во иднина може да се носи сурова нафта и да се преработува во рафинеријата и да се користи за дизел гориво“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека никој во светот не може да издржи повеќе од три месеци ако нема доставување на дизел гориво вклучително и ние. Тој додаде дека на оваа тема веќе имал состанок со најголемите трговци со нафтени деривати и горива, вклучително и со раководствот на ОКТА.

„Од она што го имам од трговците како информација е дека до крајот на годината ние немаме воопшто стравување за било какви недостатоци, напротив. Исто така, неофицијално ми беше потврдено дека ќе немаат проблеми и за следната година“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата е посветена на политиката на најниски цени на горивата, пред се на дизелот и безоловните бензини со 95 и 98 октани.

Најнови вести