Почина детето кое при тепачка беше прободено во срцето

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Почина 13 годишното дете кое во физичка пресметка во Чаир беше прободено во срцето и три недели беше во критична состојба.

Инцидентот се случи на 31 август околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, каде дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во тепачката биле вклучени пет лица, од кои четворица малолетници и едно полнолетно лице.

Од Министерството за внатрешни работи тогаш информираа дека во пресметката биле користени ножеви. По настанот, полицијата одзела три ножа, гумена палка и други предмети.

Повредени биле повеќе лица, а најтешко настрадало 13-годишното дете.

Сепак, по околу три недели лекување, детето им подлегнало на тешките повреди.

Веста за неговата смрт доцна синоќа ја објавија повеќе медиуми на албански јазик.

Најнови вести