До 13 часот денеска регистриран е еден пожар на отворен простор кој е под контрола. Нема активни, ни изгаснати пожари.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, под контрола е пожарот во село Белица, м.в. Кајорец во општина Македонски Брод, кој се проширил кон Јасен во делот на општина Сопиште, каде што гори нискостеблеста и мешана шума.