Временска прогноза

Подгответе ги чадорите за денес: Какво време нѐ очекува до крајот на неделава

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес, особено попладне и во текот на ноќта, ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Повремен локален дожд се очекува и во петок претпладне, а за во текот на денот, најавено е да дува умерен до засилен северен ветер.

Според синоптичарите, во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа, ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Најнови вести