Дојави за наводно поставени бомби повторно пристигнале на повеќе адреси на училишта во Белград, а информации за слични закани се пријавени и во други градови во Србија, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите на „Блиц“, дојави пристигнале и во училишта во Нови Сад и Бачка Паланка.
Според првичните неофицијални информации, белградската полиција била известена околу 9:30 часот дека на повеќе електронски адреси пристигнале пораки во кои се тврди дека се поставени бомби во училишта низ главниот град.
Засега нема дополнителни информации за содржината на сите дојави, ниту за евентуални пронајдени експлозивни направи.