Пожар избувна во фабрика во Јужна Кореја евакуирани 7.000 работници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Околу 7.000 работници денеска беа евакуирани од околината на фабрика за производство на хемикалии во градот Улсан, во Јужна Кореја, откако таму избувнал пожар.

Пожарот избувнал во 9:41 часот по локално време, по што противпожарните служби ангажирале околу 200 пожарникари и три хеликоптери за гаснење на огнот, соопшти противпожарната управа на Улсан, пренесува Јонхап.

Сите 16 работници кои се наоѓале на местото на пожарот биле евакуирани.

Засега нема информации за жртви.

Најнови вести