Пожар избувнал во близина на затворот Идризово, а оштетен е и автомобил „ауди“.
-На 12.09.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар во напуштен објект во близина на установата, а во пожарот од пад на греда било оштетено паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Б.. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, информираат од МВР.