Позната агендата на утрешната посета на Фон дер Лајен

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во 12:00 часот ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопштија од Владата.

Во рамки на посетата, во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Потоа следува работен ручек на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со премиерот Мицкоски и членови од владиниот кабинет.

Во 13:45 часот предвидено е да се одржи заедничка прес-конференција на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Мицкоски во Медија центарот на Владата.

Најнови вести