По час и половина од главната расправа се прекина судењето за случајот „Пулс“. Причината е влошената здравствена состојба на адвокатот на еден од обвинетите.
Претходно обвинителите кои го застапуваат случајот почнаа со вкрстеното испрашување на градежниот вештак Петре Русевски предложен од првообвинетиот Дејан Јованов. Одбраната реагираше на исказот на вештакот кој според нив одговарал на прашањата и за противпожарната заштита иако според нив тој не е експерт од таа област.
Одбраната предложи 244 сведоци.
Во трагедијата на 16 март, во дискотеката Пулс загинаа 63 лица над 200 се повредени.