Премиерот Мицкоски на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации: Со гордост ја претставуваме Македонија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски присуствува на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Во рамки на македонската делегација која е присутна во Њујорк е и Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка.

Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси, соопшти Премиерот Мицкоски.

Најнови вести