Влада

ВЕТЕНО-СТОРЕНО: 100 нови амбулантни возила, Мицкоски на промоција

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Инаку, набавката е поврзана со едно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, содржано во „Платформа 1198“.

Во делот за целосно опремување на Итната медицинска помош, партијата се обврза во текот на мандатот да обезбеди најмалку 100 нови возила, соодветен медицински персонал и проширување на мрежата на пунктови за итна медицинска помош во Скопје и во регионалните центри низ државата.

Најнови вести