Премиерот Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

Средбите во Вашингтон, велат од Владата, се продолжување на заложбите за зајакнување на стратешкото партнерство со САД и негово преточување во конкретна економска соработка, нови инвестиции и проекти од интерес за државата.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски во САД оствари средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област.

На состаноците е разговарано за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси.

Според премиерот Мицкоски, целта е, преку сериозни и долгорочни партнерства земјава да отвори нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети.

,,Македонија има потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да бидат основа за продлабочена соработка со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста”, истакна премиерот.

Најнови вести