Синоќа околу еден часот и 50 минути по полноќ, во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен 48 годишен скопјанец со повреди од огнено оружје.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди на влезот на с. Арачиново, скопско, откако од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.