Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Салцбург, Австрија присуствуваше на свечениот прием за учесниците на 22. Салцбург Европски самит.
Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери.
Главна тема на самитот годинава е „Европа суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста наконтинентот,економската конкурентност,
демографските промени и проширувањето на ЕУ.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, шефицата на државата се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил” во Халејн, Австрија.