Блиски исток

Претседателот на Иран ги обвинува САД за попречување на разговорите за крај на војната

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини Вашингтон за нарушување на преговорите за крај на војната. Пазешкијан повика на крај на неизвесноста „ниту војна ниту мир”.

Коментарите на Пезешкијан беа емитувани на државната телевизија каде што рече дека врховниот лидер на Иран им наложил на иранските претставници да „одат и да го завршат договорот, но американците ги прекршиле правилата на играта.

Итанскиот претседател додаде дека план за завршување на војната не може да се изработи додека останува во неизвесност.

„План може да се направи само кога знаете што сакате да направите. Мораме да излеземе од оваа двосмисленост и да најдеме начин да излеземе од оваа ситуација“, рече Пезешкијан.

Во Иран и на други делови на Блискиот Исток расте вознемиреноста дека САД или Израел ќе продолжат со нападите пред или веднаш по изборите во вторник во Израел или среднорочните избори во САД на трети ноември.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека раководството на Иран мора да биде елиминирано. Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја „заврши работата“ во Иран осум месеци по почетокот на војната, додека третиот носач на авиони и илјадници војници се упатуваат кон регионот.

Раководството на Иран верува дека Трамп веројатно ќе нареди нови напади без оглед на резултатите од среднорочните избори.

Најнови вести