18 деца во комбе за деветмина

Превезувал ученици со неисправни кочници: Санкциониран правен субјект, одговорно лице и возач на комбе

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вчера на во село Табановце од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на патничко моторно возило (комби) со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Куманово, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на ученици), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 18 патници (деца), додека според сообраќајна дозвола во возилото дозволено е максимум да се превезуваат 9 лица, односно возачот С.П.(49) од Куманово, превезувал со патничкото моторно возило 10 патника (деца) повеќе од дозволеното.

Над возилото извршен е и вонреден технички преглед во станица за технички преглед од страна на стручни лица, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница).

Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот С.П.(49) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести