Во 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на А.Л., при што била пронајдена марихуана, информираа од Министерството за внатрешни работи.
На 30.08.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.А. (19) од с. Падалиште, гостиварско. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а пред влезната врата од зградата во која непријавено престојува, во картонска кутија, биле пронајдени марихуана и дигитална вага за мерење.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.