Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на слаб дожд, ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 1 до 11 Целзиусови степени, а дневните од 18 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец.