Бугарија

Протести во Софија, се бара оставка од премиерот Радев и претседателката Јотова

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Граѓани излегоа на протест пред зградата на бугарската влада во Софија, со барање за оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова поради реакцијата на нападите врз трговски бродови во Црно Море.

Толпа граѓани го обвинува државниот врв дека не презема доволно решителни мерки за заштита на поморскиот сообраќај.

Демонстрантите предупредија дека неодамнешните инцидентите во близина на бугарскиот брег претставуваат сериозна закана за безбедноста на пловидбата. Тврдат дека зад нападите стои Русија и ги обвинуваат бугарските власти дека избегнуваат директно да ја посочат Москва како одговорна.

На шести октомври во бугарските води на Црно Море потона товарниот брод „Алфа Ватан“, додека друг брод, „Ејбл“, беше тешко оштетен. На 13 октомври, потона и бродот „ХС Дигнити“, кој пловеше под знамето на Гвинеја-Бисао. Во друг напад беше погоден и бродот „Челзи 3″.

Нападите врз трговските бродови предизвикаа загриженост и во другите земји од регионот, особено по вчерашните инциденти со дронови во близина на романскиот брег.

Најнови вести