Во Општина Илинден се одржа првата улична атлетска трка „Ilinden life run“, настан посветен на промоција на спортот и здравите навики.
Стартот и финишот беа пред Домот на културата „Илинден“, а патеката се протегаше низ населените места Илинден, Марино и Кадино.
Во рамки на првото издание на оваа трка учествуваа околу 1000 учесници, од кои 600 учесници во категориите за возрасни и 400 учесници во детските категории.
Наградите на најуспешните учесници им ги додели градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.