Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Главна тема, брзиот напредок во вештачката интелигенција во момент кога расте загриженоста дека системите за ВИ стануваат поспособни и поавтономни.
„Со години зборуваме за вештачката интелигенција, но во последните недели и месеци тоа се чувствува поинаку. Брзиот напредок на моделот ја направи временската рамка покомпресирана, позитивните страни поопипливи, но исто така и влоговите и ризиците поитни. Имаме избор пред нас. Вештачката интелегенција може да биде или повеќе како нова ренесанса на креативноста и откритијата, или повеќе како нова индустриска револуција на превирања и хаос“, рече Алтман.
Истакнувајќи ги потенцијалните ризици од вештачката интелигенција, Алтман повика на глобална соработка со владите за да ги вклучат стандардите во сопствените правни системи.
„Ни треба точно и брзо известување за инциденти, со протоколи за класификација за светот да може да учи од неуспесите пред тие да станат катастрофи. Ги немаме сите одговори и сме многу отворени за подобри идеи. Подготвени сме да соработуваме со сите вас. Се наоѓаме на крстопат“, предупреди Алтман.
Заедно со Сем Алтман од OpenAl, други раководители на големи фирми за вештачка интелигенција, исто така, апелираа до Обединетите нации да воспостават контрола врз растечката технологија што ја дизајнираат за да го спасат светот.